Понеделничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, понеделник, 20 август, времето попладне, со акцент на планинските региони на западот и на северот, ќе биде нестабилно со дожд и грмежи, соопштуваат од Управата за хидерометеоролошки работи.

До среда се очекува да биде топло, со попладневна нестабилност претежно во планините и особено на запад, која ќе е проследена со појава на локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Во среда и четврток времето ќе биде претежно стабилно и топло.