Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, понеделник, 4. јули, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 36 Целзиусови степени, Маврово 28, Охрид 31, Битола 34, Крива Паланка 32, Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Максималните дневни температури ќе се движат од 28 до 38 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…