Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, понеделник, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Од УХМР информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо време, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина наврнат воден талог), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…