Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Времето во Македонија денеска, 23. август, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

И во вторник ќе се задржи стабилно време со благ пораст на дневната температура. Во среда и четврток повторно се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…