Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално, според прогнозата на синоптичарите, ќе наврнат и над 15 литри на метар квадратен. На планините на северозапад ќе врне снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Скопје слично време со дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во вторник се уште ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени со грмежи, но ќе бидат полокализирани.

Преодна стабилизација со пораст на дневната температура се очекува кон средина на неделата, а веќе кон крајот на работната недела се најавуваат нови врнежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…