Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денес, овој средишен августовски понеделник, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната температура од 24 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ=7. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 31 степени.

Во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места да биде нестабилно, а локално процесите да бидат и поинтензивни. Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на наредната седмица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…