Полсе Модриќ и Бејл, Реал ја купува новата ѕвезда на Тотенхем!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид има исклучително добри односи со Тотенхем и во минатото две големи ѕвезди на „кралевите“ пристигнаа токму од лондонскиот клуб, а шпанските медиуми тврдат дека соработката може да продолжи и ова лето.

Во минатото Герет Бејл и Лука Модриќ пристигнаа од Тотенхем и се покажаа како вистински аквизиции за „кралевите“, а сега на мета на Реал Мадрид е младата ѕвезда на „спарси“, Деле Али.

Шпанските медиуми тврдат дека токму Герет Бејл го советувал раководството на клубот да се обидат да го донесат Деле Али кој оваа сезона блеска во дресот на Тотенхем и е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Реал Мадрид е дефинитивно еден од најголемите клубови на светот, па ретки се играчите кои можат да ги одбијат „кралските“ милиони и да играат покрај најголемите светски ѕвезди.

Наводно и самиот Деле Али е заинтересиран да се пресели во Реал Мадрид бидејќи е спремен да направи чекор напред во кариерата, а не сака да се пресели во друг клуб од Премиер лигата.

Тотенхем нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, па се претпоставува дека „кралевите“ за неговиот потпис ќе мора да платат помеѓу 80 и 100 милиони евра.