Вебкафе

Положбата во која спиете открива многу за вашето здравје…

Да ја пронајдете позата која ви одговара за спиење, често е невозможна мисија, па неретко се случува со часови да се превртуваме низ креветот. Новите истражувања, меѓутоа, откриваат кои се најдобри, а кои најлоши пози за спиење, а кои влијаат на сонот и здравјето воопшто.

Положба на фетус

Тренерот за спиење, Елина Винел, порачува дека т.н. позата фетус треба да се избегнува бидејќи е штетна за здравјето.

Ако одиме да спиеме во оваа положба, на телото му испраќаме порака дека се бориме против нешто, и дека не е сигурно да оди да спие, вели Винел, пренесува Дејли Меил.

Порачува дека затоа најдобро е да се спие во отворена положба, бидејќи на тој начин се отвораат дишните патишта, што овоможува правилно дишење за време на сонот.

Спиење на страна

Др. Рон Ерлих во својата книга, „Живот со помалку стрес“, откри дека спиењето на страна е една од најдобрите пози. Исто така препорача дека освен перницата за потпора, под главата неопходно е да се користи и перница за телото.

Спиење на стомак

Медицинскиот експерт и професор на колеџот, Алберт Ајнштајн, Шелби Хари смета дека оваа поза е најлоша за нашето тело.

Спиењето на стомакот создава притисок во нашето тело. Ако спиеме во таа положба, често може да се будиме, дасе вртиме и нема да имаме квалитетен сон. Исто така, спиењето во таа положба, може да резултира со болки во мускулите и зглобовите

Спиење на грбот

Многумина експерти се согласија дека на грбот е најдобрата поза за спиење. Меѓу нив е и др. Марк Т. Браун.

To Top