Home Спорт Половина час уживање: Сите погодоци од претходниот Мундијал во Бразил (видео)

Половина час уживање: Сите погодоци од претходниот Мундијал во Бразил (видео)

Мундијалот во Русија е се поблиску, како што одминиуваат деновите светот полека го зафаќа мундијалската треска, па ред е да се потсетиме што се случуваше пред четири години во Бразил.

На Светското првенство Бразил само во групната фаза беа постигнати 136 погодоци, девет помалку отколку на претходнито вкупно, тоа значи 2.83 по натпревар. Тоа воедно е и Мундијал со најмногу постигнати голови во групната фаза откако Мундијалот е проширен на 32 репрезентации и најдобар процент на голови уште од Шведска во 1958 година.

Судејќи според воздухот на бразилско тло не е ист како и во остатокот од светот. Има нешто во таа атмосфера поради што голгетерите се претвораат во ладнокрвни убијци.
Во периодот од 12 јуни до 13 јули таа 2014 година на 64 натпревари од одмерувањето на силите помеѓу домаќинот и Хрватска кој заврши со победа од 3:1 за „Кариоките’ па до завршниот натпревар помеѓу Аргентина и Германија на кој видовме само еден погодок (0:1) беа постигнати вкупно 171 гол што значи 2.67 по натпревар.

Првото реми (и тоа без голови) се случи дури во 13-тиот натпревар кога Иран и Нигерија се сретнаа на теренот.

Во продолжение потсетете се и уживајте во погодоците од Бразил 2014 година…

Прв дел

Втор дел

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…