Home Актуелно Полицијата и УЈП ги тресат Прилеп и Битола

Полицијата и УЈП ги тресат Прилеп и Битола

Откако минатиот викенд во Скопје беше спроведена акција на МВР со даночните служби, викендов цел се Прилеп и Битола.

Во ноќните клубови низ Прилеп и Битола врие полиција, која во координација со УЈП врши акција низ локалите во овие градови.

Според извори од Министерството за внатрешни работи се претресуваат ресторани, кафулиња, барови, а се испитува дали нелегално точат алкохол на малолетници, дали се прекршува законот за пушење, или не издаваат фискални сметки.

Пред извесно време ваква акција беше спроведена во Скопје при што беа затворени околу тринаесет угостителски објекти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…