Home Спорт Полицијата му го конфискува телефонот на Нејмар

Полицијата му го конфискува телефонот на Нејмар

Бразилскиот фудбалски репрезентативец и ѕвезда на ПСЖ, Нејмар се соочуваа со петгодишна затворска казна. Тој е осомничен за силување, а полицијата му го конфискува мобилниот телефон.

Според бразилските медиуми, против Нејмар е покренато обвинение и тој требаше на 7 јуни да даде изјава во полиција во врска со случајот, но постапката е одложена за неколку дена поради репрезентативните обврски.

Бразилската полиција го конфискува и телефонот на девојката која го обвини Нејмар за силување. Истрага ќе се спроведе и поради фактот што Нејмар ги објави интимните слики на девојката.

Во Бразил, таков чин се смета за кривично дело. Девојката чие име не е обелоденето, поднесе пријава до полицијата, дека била силувана од Нејмар на 15 мај во хотел во Париз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…