Home Актуелно Полицијата истражува случај со мистериозно рафрлени празни ковчези за мртовци низ Гостивар

Полицијата истражува случај со мистериозно рафрлени празни ковчези за мртовци низ Гостивар

Морничава појава ги вознемири изминатата недела гостиварци кога на повеќе локации се појавија празни мртовечки ковчези. Засега не се знае од каде потекуваат и кој ги расфрлал.

По реакцијата на МИА од СВР Тетово добивме одговор дека веќе се обезбедени фото и видео-материјали поврзани со случајот и истражуваат дали постојат основи на сомнение за сторени кривични дела. Полициските служби преземаат мерки за откривање и трагаат кој и зошто ги оставил сандаците.

Од погребните оператори со кои контактиравме тврдат дека опремата се гледа на фотографиите и видеата не се користи кај нас и не можат да го потврдат нивното потекло. Тие беа прецизни во изјавите дека во ваков случај постои пропуст и дека надлежните треба да ја испитаат целата работа.

Гостиварци во реакциите стравуваат дека станува збор за опрема во која биле лица починати на скопските клиники од корона-вирусот.

Од ЈП Комуналец потврдија дека нивна служба во текот на вчерашниот ден ги подигнала ковчезите кои беа забележани кај новите градски гробишта и ги однела на депонијата. Од таму не може да потврдат дали во нив биле лица починати од последици на ковид19, но нагласија дека во таков случај, погребот се одвива под надзор на надлежните служби.

На социјалните мрежи деновиве беа објавени видеа со морничави содржини, па дури како еден од еко активистите, кои го блокираат пристапот на депонијата Русино, отвора еден ковче

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…