Home Актуелно Полицајката Јаначковска со исказ пред Јавното обвинителство за инцидентот „со пајакот“

Полицајката Јаначковска со исказ пред Јавното обвинителство за инцидентот „со пајакот“

Полициската службеничка Јасмина Јаначковска денес, вторник, даде изјава пред основното јавно обвинителство Скопје во врска со инцидентот во кој освен неа, беа вклучени и Беќир Асани и едно пајак возило.

Основното јавно обвинителство вчера соопшти дека повело постапка за инцидентот и потврид дека на разговор била повикана службеничката, а надлежен обвинител постапува по предметот.

Пoлицајката која му повика пајак на Асани по инцидентот се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и изјави дека функционерот на ДУИ ја нападнал само вербално, а не и физички. Рече дека самата се повредила кога при повлекување се удрила од пајак возилото.

Меѓутоа, јавноста не е многу убедена во оваа верзија на инцидентот и се зголеми притисокот да се објавата видео снимки од надзорните камери од инцидентот, но од Министерството за внатрешни работи соопштија дека немаат законска основа да го сторат тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…