Полицаец застрелан во Велес – лицето кое пукало е во бегство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филмска стравичен настан во Велес. Осомничен за грабеж му го одзел службениот пиштол на еден полицаец и го застрелал со пет куршуми.

Полицијата приведе три лица откако вчера утрото пред црквата Свети Спас во Велес беше застрелан полициски службеник, но се уште се трага по лицето кое пукало во него. Полицаецот заедно со неговата колешка вршелe контрола по пријава дека жители на ромската населба Рамина континуирано вршат грабежи на чанти од верниците кои доаѓаат во црквата.

Очевидци на настанот за ТВ 24 раскажуваат дека во еден момент настанала турканица меѓу полицајците и осомничените и чуле истрели. Oткако осомничените пукале во полицаецот физички ја нападнале и полицајката која заедно со него била во контрола.

„Се збуткаа, човекот го бутнаа, после чув три истрели , па потоа уште еден истрел. Бкупно беа четворица што го нападнаа. Полицаецот се бранеше, но што може против четворица. Со едно девојче беше и тоа е изгледа удрено два пати, оти беше цела извалкана. Мислам дека ја удрија“ – вели очевидец на настанот.

Четири од куршумите завршиле во стомакот, а еден во коленото на полицаецот, по што бил итно пренесен на ургентниот центар во Скопје. Од таму за ТВ 24 информираат дека 46 годишниот полициски службеник сега е во стабилна состојба и свесен.

„Четириесет годишен пациент беше донесен на Ургентниот центар со прострелни рани во абдоменот. Пациентот е сега контактибилен и во стабилна состојба. Префрлен е на клиниката за дигестивна хирургија“ – велат од Ургентен Центар – Скопје.

Во потрага по сторителите на делото, полицијата вршеше претрага во делот на месноста Рамина а на излезите од градот, се контролираа сите автомобили кои го напуштаа Велес. По инцидентот реагираа од независниот синдикат на полицијата, од каде порачаа дека трендот на напади врз полициски службеници мора да запре.