Временска прогноза за првиот февруарски понеделник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, 3 февруари, понеделник, во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид и Крива Паланка 13, Берово 16, Битола 15, Кавадарци 17, Дојран 18.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од југозападен правец и дневни температури од 9 до 18 степени.

Од среда ќе имаме промена на временските прилики, облачно со повремени врнежи од дожд и снег, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег и дневни температури од 3 до 11 степени.