Home Шоубизнис Политичарот се потсмеваше со смртта на синчето од Тодоровиќ – Сергеј Трифуновиќ жестоко му врати

Политичарот се потсмеваше со смртта на синчето од Тодоровиќ – Сергеј Трифуновиќ жестоко му врати

Несудениот српски претседател, Андреј Фајгељ, со твит на својот Твитер профил во кој се потсмеваше со смртта на синчето на актерот Срѓан Тодоровиќ, ја разбесни јавноста.

Откако актерот го снајде огромна трагедија која буквално го скрши и него и сопругата, кандидатот за претседател напиша дека тоа е казна за актерот за филмот кој го снимил.

„Еднаш на нашиот актер му умре бебето и медицината нема објаснување. Тој ист актер силуваше бебе на филмското платно, гревовите се наплаќаат“, напиша тој.

На ова му врати познатиот актер Сергеј Трифуновиќ, изреволтиран од грозоморната објава:

„Мајмуне болен, да го гледаше филмот ќе знаеше дека истиот тој актер кој остана без син, згрозен замина од сцената“, напиша Сергеј.

Политичарот потоа напиша уште еден твит.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Обвинителот за случајот на групно силување во Корнел: „Морално одвратно“

Обвинителот на округот Томпкинс, кој го надгледува случајот на поранешната студентка од Ун…