Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
220 килограми тешката 26-годишна Лекси и 127 килограми тешкиот Дени направија таква импресивна физичка трансформација во рамки на нивното новогодишно ветување која заслужува само почит и пофалба.
На почетокот од минатата година тие направија „новогодишна резолуција“ и успеаја да симнат неверојатно голема тежина и вишок килограми како подвиг на кој се зарекоа во рамки на споменатата „резолуција“.
Лекси на Инстаграм напиша: „Немавме план за оброци, операции, лични тренери, но она што знаевме е дека се имаме еден со друг и мотивацијата која си ја дававме меѓусебно за секој ден да работиме што понапорно“.
„Сакавме да бидеме родители во иднина и да живееме подолг живот заедно. Немавме идеја дека за само една година и шест месеци ќе бидеме сосема поинаков пар. Можеби ја загубивме тежината, но созреавме и се зближивме еден со друг“.
„Килограм по килограм, чекор по чекор, ден по ден – ги трансформиравме нашите живот и ги оформувавме нашите тела во луѓе какви што отсекогаш сакавме да бидеме“.
„Овој човек овде беше крај мене во изминатите десет години и кон мене се однесуваше исто и кога имав 220 килограми, а тој 127 килограми. Сите ние заслужуваме да живееме живот со оној во кого сме вљубени и да ги имаме околу нас луѓето кои животот го прават вреден за живеење.
Лекси на Инстаграм напиша дека и кога двајцата ќе имале зафатени денови, секогаш успевале да одат во теретана во 10 часот навечер.
Таа порачува: „Нема секогаш да го имате времето што ви е потребно на располагање – ќе го создадете тоа време кога го немате. Утре е нов ден. Никогаш не се откажувајте од себеси и продолжете да верувате“.