Home Спорт Погледнете како Реал ја исмеа Барселона!

Погледнете како Реал ја исмеа Барселона!

Барселона после првиот натпевар во осминафиналето од Лигата на шампиони е во најтешка ситуација бидејќи доживеа дебакл во Париз од 4:0.

Целиот фудбалски свет веќе два дена се мајтапи со Каталонците, а таквата прилика не ја пропушти и најголемиот ривал Реал Мадрид.

Имено, пред синоќешниот натпревар меѓу Реал и Наполи на видеобимот беа пуштени головите од натпреварот ПСЖ и Барса, а фановите со големо воодушевување се радуваа на катастрофата на најголемиот ривал.

Славјето на „Бернабеу“ на крајот беше комплетно бидејќи Реал Мадрид го победи Наполи со 3:1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…