Погледнете како џиновска песочна бура голта цел град во Кина (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кинескиот град Голмуд беше „голтнат“ од гигантска песочна бура, која предизвика апокалиптични сцени снимени од страна на жителите.

На снимките се гледа како облак од песок повисок од 50 метри како го прекрива градот Голмуд во провинцијата Чингхај.

Песочниот облак го следеше и силен ветер и градот за само неколку минути беше прекриен со прашина. Сцените потсетуваа на оние од хорор филмовите.

Како што известува кинеската централна телевизија бурата урнала дрвја, и нанела големи штети. Видливоста била намалена и тоа под 600 метри во градот и под 100 метри во предградијата.

Полицијата ги предупредуваше возачите преку разглас и со светлосни сигнали да возат полека. Засега нема извештаи за евентуални жртви.