Погледнете како да не ги изгубите мускулите при слабеење!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Златно правило при слабеење е тоа да биде исклучиво врз масното ткиво. Што значи дека мускулите треба да ги зачувате што повеќе.

Во поголем дел од случаите слабеењето и градењето на мускулна маса не одат заедно, дури напротив. Многу е лесно да ги изгубите мускулите при слабеење, ако пристапот кон исхраната и тренингот е лош.

Диетата треба да биде богата со протеини

За која и да сте се одлучиле диета, важно е внесот на протеини да биде што поголем, за да ги зачувате мускулите. На организмот му е потребно постојано да има доволно протеини. Истражувањата покажуваат дека дури и кога не вежбате, со диетите богати со протеини, организмот ќе има тенденција да согорува масно ткиво. А притоа ќе ја зачувате и мускулната маса.

Започнете постепено со диетата

Голема грешка е доколку брзо го намалите внесот на калории, во комбинација со вежбање. Тоа може да резултира со големи мускулни губитоци, отколку што е потребно. Процесот на слабеење започнете го постепено и пробајте да губите масно ткиво со што повеќе храна.

Намалете го волуменот на тренинзи

Се мисли на целокупната количина на „работа“, за време на тренингот. За време на диета пожелно е да се намалат некои параметри од тренингот со што тој ќе изгуби на волумен. Намалете го бројот на серии или бројот на вежби во еден тренинг. За одржување на постигнатите мускули потребно е да вежбате помалку отколку кога целта била да ги градите.

Задржете го интензитетот на тренинзи

Целокупната количина на тренинг треба да ја намалите, но многу е важно да го задржите интензитетот на вежбите. Мускулите се веќе навикнати на тој интензитет, и доколку го намалите може да биде контрапродуктивно.

Внимавајте со кардио активностите

Кардио активностите може да бидат добра алатка за слабеење, но исто така, со претерувањето може да им наштетите на мускулите. Кардио тренинзите треба да бидат во склад со другите фактори и количината на внесени калории.