Home Спорт Погба му постави ултиматум на Јунајтед: Или јас, или Мурињо

Погба му постави ултиматум на Јунајтед: Или јас, или Мурињо

Во последно време готово сите медиуми пишуваат за лошиот однос помеѓу Мурињо и Погба, а сега во целата ситуација се вмеша и Мино Раиола.

Капката која ја прелеа чашата беше одлуката на Мурињо да го остави Погба на клупата за резерви на мечот против Севиља во ЛШ. Медиумите на Островот тврдат дека Французинот му поставил ултиматум на раководството:или ова лето ке биде продаден или од клубот мора да си замине „Специјалниот“.

Англичаните тврдат дека зад сето тоа стои менаџерот на играчот, контроверзниот Мино Раиола познат по тоа што ниту еден негов играч не останува долго време во ист клуб, бидејќи со трансферот тој ќе добие процент како посредник, па поради тоа врши дополнителен притисок за играчот да инсистира на трансфер.

Односот со Мурињо му е многу лош, а играчот до сега покажа дека нема трпение за да седи на клупа, посебно кога е сменет со 21-годишен играч како што беше случајот во Севиља.

„Нивниот однос никогаш не беше полош. Пол јасно даде дознание дека не мисли да остане во клубот ако Мурињо и понатаму биде тренер” ги потврди гласините извор од Манчестер Јунајтед за „Сан“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…