Home Актуелно Почнаа со функција и наплата двете нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип

Почнаа со функција и наплата двете нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип

Од денеска со функција и наплата започнуваат двете нови патарини, Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Штип. Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека на наплатните рампи ќе функционира електронскиот систем за наплата.

ЈПДП во четвртокот информираше дека првите две ленти ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски уред, додека останатите ќе се користат за наплата во готово.

Ценовник по категории на возила:

ПРЕОД

1А Категорија – 40 денари

1Б Категорија – 70 денари

2-ра Категорија – 100 денари

3-та Категорија – 180 денари

4-та Категорија – 270 денари

КАДРИФАКОВО

1А Категорија – 30 денари

1Б Категорија – 50 денари

2-ра Категорија – 80 денари

3-та Категорија – 150 денари

4-та Категорија – 220 денари

Изградбата на двете патарини чинеше близу 5 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…