Home Актуелно Почина првиот машки пациент кој ја прими првата доза од вакцината на Фајзер – смртта не е поврзана со коронавирусот

Почина првиот машки пациент кој ја прими првата доза од вакцината на Фајзер – смртта не е поврзана со коронавирусот

Почина Британецот Вилијам Шекспир кој беше првиот маж во светот кој ја прими вакцината против Ковид-19. Британските здравствени власти објаснија дека 81-годишниот Шекспир почина од болест неповрзана со коронавирусот.

Во декември минатата година во болницата во Ковентри, тој ја прими првата доза на вакцината „Фајзер“. Видеото од моментот кога ја доби вакцината против корона вирус се појави низ медиумите во светот во декември, кога по Маргарет Кинан, втор по ред на светот застанал да ја прими вакцината на „Фајзер Бионтек“.

Шекспир по кратката болест починал во истата болница во која што и ја доби вакцината.

Членовите на семејството и неговите блиски пријатели велат дека тој бил многу горд и среќен што се вакцинирал меѓу првите луѓе во светот. Една од неговите пријателки изјавила дека „најдобар начин да му оддадете почит на Вил, е да се вакцинирате“.

Првата личност во светот која ја прими вакцината беше 91-годишната Маргарет Кинан од Велика Британија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…