Почина популарниот пејач со македонско потекло Аки Ракимовски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На официјалната Фејсбук страница од групата „Парни Ваљак“ од бендот пренесуваат дека денеска, на 22. јануари, 2022 година, почина нивниот фронтмен и пејач, Аки Ракимовски.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите „Вакуум“, „Крвни браќа“ и „Тор“ со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.