Почина една од најубавите жени на светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси Смит, која дури три пати ја освојуваше титулата за најубава жена на светските натпревари во убавина, почина на 45-годишна возраст после борба со болеста.

Челси Смит почина во саботата од рак на црниот дроб, дијагноза која ја доби пролетта, 2017 година, изјави портпаролот на семејството, а пренесува The Mirror.

Смит, единствената Американка од мешана раса која три пати ја освојуваше титулата најубава жена, прв пат на натпреварот за убавина победи во 1994 година, кога ја освои титулата Miss Galveston County. После тоа следеше титулата Miss Texas USA, а во 1995 година ја освои и титулата за најубава жена на светот на Miss Universe.