Home Актуелно Почина Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент

Почина Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент

На 65-годишна возраст почина Давид Сасоли, претседателот на Европскиот парламент.

Поранешниот италијански новинар Сасоли бил сериозно болен повеќе од две недели и минатиот месец бил примен во болницата во Авијано поради компликации со имунолошкиот систем.

Сасоли им се врати на своите задолженија во ноември откако во септември беше хоспитализиран во Стразбур поради сериозна пневмонија. Гласање за негов наследник веќе беше закажано за овој месец и Сасоли навести дека нема да се кандидира за нов мандат.

Поранешниот телевизиски спикер беше избран за претседател на Европскиот парламент во јули 2019, кога победи тројца други кандидати.

Тој ја напушти тридецениската кариера во новинарството за да стане европарламентарец во 2009. Беше член на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи, втората најголема група во парламентот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…