Advertisements
Актуелно

По заканите во приватна порака, Героски во седиштето од СДСМ и кај Пендаровски

После добивањето и објавувањето на заканувачката порака која ја примил новинаро Бранко Героски од член на обезбедувањето на СДСМ (како што потенцираше самиот Героски), во врска со тој случај тој денес беше примнат од македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

„Претседателот Пендаровски осудувајќи секаков вид на закани упатени до медиумите, порача дека новинарите треба да ги уживаат сите права и слободи за да можат професионално и без притисоци да работат. Претседателот истакна дека како и досега, ќе се залага за заштита на достоинството и интегритетот на новинарската професија и професионалните медиуми секогаш ќе ја имаат неговата поддршка“, информираа од кабинетот на Пендаровски.

Претходно, Героски, , како што најави синоќа, отиде во седиштето на СДСМ, но не го пронајде обезбедувачот на Бихаќка, извесен Борче Гиноски, кој наводно му се заканувал на социјалните мрежи дека „ќе го бања во Вардар“.

– На средбата со лицата во СДСМ утврдивме дека не постои таков човек вработен како обезбедување. Не е се уште потврдено дека таква личност не е член на партијата, но добив се што требаше за да видат дека не се работи за обезбедување. Сега ми преостанува законски и процедурално да барам заштита од институциите – рече Героски пред новинарите.

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, наведе дека на Героски му било докажано дека извесен Борче Гиноски не работи во обезбедувањето на партиското седиште.

– Таков вработен немаме евидентирано. Сега се што ни останува е да ја пребараме базата на членството и да видиме дали таму има такво име. Доколку постои такво нешто, ние ќе постапиме според статусот. СДСМ е одговорна партија и никогаш не одобрува закани кон било кој граѓанин, особено со насилство кон медиумско лице – наведе Костадинов.

Advertisements
To Top