Home Спорт По освојувањето на Австралија опен, Ѓоковиќ до три часот наутро го држеле на допинг контрола

По освојувањето на Австралија опен, Ѓоковиќ до три часот наутро го држеле на допинг контрола

Новак Ѓоковиќ вчера го победи Стефанос Циципас и така стигна до 10-тата титула на Австралија Опен. Од денес Србинот и официјално повторно е број еден тенисер во светот, на лидерската позиција се врати по осум месеци.

Но, по победата против Циципас Ѓоковиќ не можел да слави како што посакувал затоа што имал долга ноќ.

Српскиот ас беше запрашан како поминал на прославата, а неговиот одговор низ насмевка гласеше.

„Со медиуми и допинг контрола. Во сместувањето се вратив во три часот наутро, беше навистина долга ноќ. Не можев да славам како што сакав. Очекувам тоа да се случи по враќањето во Европа“, изјави Ѓоковиќ кој утрово испрати порака и со пехарот во раце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Australian Open (@australianopen)

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…