Home Актуелно Нефи Усеини си даде оставка во Советот на Општина Охрид

Нефи Усеини си даде оставка во Советот на Општина Охрид

Охридскиот советник Нефи Усеини поднел оставка во Советот на Општина Охрид, пренесува „А1он“, повикувајќи се на потврда од претседателот на Советот, Сашо Донев.

Оставката доаѓа една и пол година по добивањето вторпат мандат тој да ги претставува охриѓани. Оставката е поднесена поради, како што навел, лични причини.

Инаку, Усеини е бизнисмен и претседател и на разгранокот на ДУИ во Охрид, кој доби осудителна пресуда за претепување на својот колега од претходниот состав, Џемал Мена. Нему му се судеше и беше ослободен од вина во случајот за претепувањето на сограѓанинот Спиро Топаловски, а откако охриѓанецот го промени исказот и рече дека, всушност, не бил тепан.

Усеини е познат и по дивоградбата среде Охрид, која петта година никој не ја урива.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…