Од полноќ поскапуваат бензинот и дизелот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 отсто. Од вечерва по полноќ максималните цени во малопродажбата ќе изнесуваат:

– Моторен бензин Еуросупер БС – 95 84,00 (денари/литар)
– Моторен бензин Еуросупер БС –98 86,00 (денари/литар)
– Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС 41,346(денари/килограм)

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,344 отсто, кај дизелот за 1,201 и кај мазутот за околу 1,362 отсто, додека намалување во просек за 0,948 отсто има кај екстра лесното масло за домаќинството.

Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,333 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.