Home Актуелно По Лила и бизнисменот Силјан Мицевски на распит за „Рекет“

По Лила и бизнисменот Силјан Мицевски на распит за „Рекет“

Откако денес претпладне во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција заврши распитот на водителката Лила Филиповска во рамки на истрагата за случајот „Рекет“, на распит се појави и бизнисменот Сиљан Мицевски.

Пред да влезе во зградата на обвинителството тој на новинарите им кажа дека вторпат доаѓа тука и дека ќе си ги бара парите што ги дал на Меѓународниот сојуз на Боки 13-ка.

„Не сум дал пари на пензионерка. Пари сум дал на Меѓународниот сојуз на Јовановски и нормално дека ќе си ги барам назад“, рече бизнисменот Силјан Мицевски.

На 19 август, во обвинителството сведочеше Лилјана Тодоровска, на чија сметка бизнисменот Силјан Мицевски на име на авторски хонорар уплати 720 илјади евра за наводен проект за старски домови.

Тодоровска рече дека парите ги подигнала во кеш и ги дала на лице од Меѓународниот сојуз на Боки 13, без да прецизира за кого точно станува збор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…