Home Актуелно По две и пол години затвор за штипјаните кои тепаа девојка и се снимаа

По две и пол години затвор за штипјаните кои тепаа девојка и се снимаа

Двете момчиња од Штип кои брутално тепаа 22-годишна девојка и се снимаа додека го прават тоа, па снимката ја објавија на социјалните мрежи, добија казна затвор од по две години и шест месеци за ова сторено дело.

Судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова денеска им ја изрече пресудата, откако двајцата признаа вина и се извинија за чинот кој го направија.

Настанот се случил во јануари годинава, кога во влез на зграда, двајцата насилници брутално ја удираа младата, 22-годишна штипјанка. Снимката се појави на социјалните мрежи на почетокот од месецов, по што тие беа веднаш уапсени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Што открива кафето што го пиете за вашата личност?

ФИЛТЕР КАФЕ Лицата што пијат филтер кафе често се претставници на подзатворени или интрове…