Home Шоубизнис По 12 години тетоважа сè откри: Еве што се крие зад одлуката на Маја Огњеновиќ за разводот

По 12 години тетоважа сè откри: Еве што се крие зад одлуката на Маја Огњеновиќ за разводот

Познаатата одбојкарка Маја Огњеновиќ и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ ставија крај на девет години брак. Како што нивната љубов се одвиваше далеку од очите на јавноста, така и одлуката да тргнат по одделни патишта е донесена и реализирана тивко, уште летово, без драма и скандали.

Секој од нив, се чини, продолжил да го гради својот живот по свој пат — Маја во Болоња, каде што живее поради спортската кариера, а Данило во Трст, поради неговите бројни бизнис-обврски.

Сепак, бидејќи ниту едниот ниту другиот не излегле во јавност со детали за разводот, многумина и понатаму се прашуваат што ја довело до крај оваа хармонична врска. Можеби одговорот лежи во тоа што двајцата решиле да се посветат на своите лични приоритети и желби.

На оваа тема Маја Огњеновиќ своевремено проговори во интервју за списанието „Убавина и здравје“, каде откри дека дури направила тетоважа за да се мотивира да промени нешто во својот живот:

„Да се сакаш себе, тоа е почетокот на една љубов што трае цел живот“, рекол Оскар Вајлд, а таа мисла била инспирација и за мојата тетоважа, направена пред дванаесет години — сподели Маја.

„Но, од тогаш наваму, ништо не се промени. Секогаш ми било важно да им удоволам на другите. Родена сум, изгледа, да давам, да угодувам, да споделувам љубов и да ширaм топлина“ – додаде Огњеновиќ.

Дали конечно сега дошло време да си удоволи самата себе – останува да видиме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан откри зошто Рајан Марфи ја опкружил со врвни актерки во „All’s Fair“

Ким Кардашијан вели дека Рајан Марфи намерно избрал врвни актерки за „All’s Fair“ за да мо…