Славни

„Плус сајз“ манекенката за проблемите со наоѓање на соодветен костим за капење

Пронаоѓањето на идеален костим за капење може да биде вистински кошмар за пребирливите девојки. Обично тоа завршува со обиколка на сите специјализирани продавници и трговски центри за таков вид на облека, за на крајот пак да не го најдат оној идеалниот кој ќе им стои „како за нив да е шиен“.

Со ваков проблем се соочува и Сони Тарнер, британска „плус сајз“ моделка и манекенка која одлучи малку да позборува за тоа на својот Инстаграм профил.

A post shared by SONNY TURNER (@sonnyturner___) on

Како треба да изгледа добар костим за капење

„Кабините за преслекување во дуќаните можат да бидат навистина грозно место. Повеќето костими за капење кои се продаваат во продавниците не се за жени со големина на градите како моите. Исто така, на веб продавниците нема број за мене. Никој не го разбира тоа, па одлучив да дадам неколку совети:

Градниците од костимите за капење за големите гради одоздола треба да имаат жица. Ни треба големина на корпата исто како и на градниците. Ни требаат корпи кои ќе покриваат малку повеќе од брадавиците. Ни требаат корпи кои ќе ни ги спојуваат градите. Ни требаат гаќички кои не ја оцртуваат нашата вагина. Ни треба костим за капење кој е над нашите колкови без да мораме постојано да го повлекуваме нагоре.

Заслужуваме поголем избор за нашиот изглед на телата, а да не станува збор за класичен црн костим за капење. Верувале или не, некои од нас сакаат гаќички во форма на танга. Треба да престанете да користите модели со вештачки гради, бидејќи ниту еден костим за капење не изгледа така на девојките со вистински, природни гради. Не е во ред што не смееме да имаме убави костими за капење само затоа што сме поразлично градени. Треба да имаме можност да најдеме евтини костими без да мораме да ограбиме банка за да го купиме оној кој ни одговара.

Заклучок од сето ова: Правете облека за сите големини и форми на тела“.

To Top