Топ вести

Planet Earth II ги надмина сите очекувања – погледнете ја борбата на снежните леопарди

Неодамна BBC започна со емитувањето на Planet Earth II, продолжение на истоимениот документарен серијал од пред десет години.

Проектот е еден од најскапите документарни емисии кога било, а веќе првите две епизоди ги надминаа сите очекувања. Нараторот Дејвид Атенбороу со право најавуваше дека сцената со борбата меѓу снежните леопарди од втората епизода, со својата спектакуларност ќе ја надмине првата епизода, каде видовме не помалку жестока битка помеѓу игуана и змии, иако малку кој му поверува.

Снежните леопарди се редок, загрозен вид, кој кој со својата убавина, но и жестокост, ја возбудија, но истовремено и ја разнежнија публиката.

– Многу се малку, и ретко се среќаваат, но кога ќе се сретнат, тоа станува многу насилно, објаснуваше Атенбороу.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top