Home Актуелно Пишманаџија: Маск се премисли – не го купува Твитер

Пишманаџија: Маск се премисли – не го купува Твитер

Американскиот милијардер Илон Маск соопшти дека се повлекува од ,договорот за купување на Твитер.

Маск се повлече од понудата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, обвинувајќи ја дека одбива да дава информации за лажните налози. Твитер возврати и соопшти дека ќе го тужи Маск за непочитување на договорот.

Вредноста на акциите на Твитер вчера се намали за пет проценти односно на 36,81 долари, што е значително под 54,20 долари, колку што Маск беше подготвен да плати за акција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…