Home Спорт Пирло вчера го одигра последниот меч, денес доби три понуди!

Пирло вчера го одигра последниот меч, денес доби три понуди!

Легендарниот италијански плејмејкер, Андреа Пирло вчера го одигра последниот натпревар и официјално стави крај на својата богата кариера.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Пирло веќе има три понуди на маса и секако ќе остане во светот на фудбалот, па сега на него останува да избере.

Првата е да му се придружи на Антонио Конте во Челзи и да биде негов помошник. Италијанецот размислува дали да заплива во тренерските води, а доколку се одлучи за тоа тогаш најверојатно ќе го учи „занаетот“ кај Конте.

Втората понуда е да биде функционер во Италијанскиот фудбалски сојуз бидејќи Пирло е еден од симболите на „аѕурите“ во овој век.

Третата понуда е од неговиот поранешен клуб Јувентус. Пирло остана во одлични односи со претседателот Андреа Ањели кој сака да го врати во клубот и му нуди да биде амбасадор на „бјанконерите“.

Трите понуди се на маса, останува да видеме што ќе избере фудбалскиот „Моцарт“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…