Home Спорт Пирло: Јувентус не може да освои Лига на шампиони со Манџукиќ!

Пирло: Јувентус не може да освои Лига на шампиони со Манџукиќ!

Елиминацијата на Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампиони од Ајакс ќе предизвика големи промени во тимот ова лето.

Според најавата на италијанските медиуми во Јувентус ова лето ќе пристигнат неколку нови имиња, а можеби и нов тренер, за да се засили тимот кој има за цел да ја освои европската круна прв пат после 1996 година.

Во една емисија гости беа Андреа Пирло и Фабио Капело и анализираа што му недостасува на Јувентус за да стигне до европскиот трон, а Пирло веднаш го детектира главниот проблем.

„Мислам дека ако Јувентус сака да ја освои Лигата на шампиони Манџукиќ не смее да биде прв избор во шпицот на нападот. На Јувентус му твреба напаѓач од светска класа“, изјави Пирло.

https://twitter.com/chjuventus/status/1118843982929387522

Манџукиќ игра одлична сезона и неодамна го продолжи договорот со „старата дама“, но многу веројатно дека Јувентус ќе го засили нападот ова лето.

Во одбрана на Хрватот застана еден од најпознатите аналитичари на Јувентус во Италија, Арјун Прадер.
„Манџукиќ беше стартер кај секој тренер каде што играше. Има уникатни квалитети за девекта, па иако не е прв стрелец, сепак тој е важно оружје. Единствен напредок во однос на него би било доведување на Хари Кејн“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…