Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Првиот петок за овој септември носи релативно стабилно време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 22, Охрид и Крива Паланка 27, Берово 26, Битола 29, Кавадарци 32, Дојран 33.

Временската прогноза за утре е променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во Скопје 29, Маврово 21, Охрид 25, Крива Паланка 26, Битола 27, Берово 24, Кавадарци 30, Дојран 31.

И во недела ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност претпладне, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 25 до 32 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…