Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Петок, 16 август, носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе има и услови за слаб локален дожд. Ветрот ќе дува умерено и претежно од северен правец, вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово, Охрид и Крива Паланка 27, Битола 29, Кавадарци 32, Берово 26, Дојран 34 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и северозпаден правец. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 33, Маврово, Берово и Крива Паланка 27, Охрид и Битола 29, Кавадарци 35, Дојран 34.

И во недела времето ќе биде претежно сончево со температури од 28 до 36 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…