Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза – повремен дожд, на планините снег

Петочна и викенд временска прогноза – повремен дожд, на планините снег

Денеска, петок, 26. ноември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Mаксималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 10, Битола 9, Крива Паланка и Берово 7, Кавадарци и Дојран 11.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 2 до 11 степени.

И в недела ќе имаме променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 12 до 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…