Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денеска, 13. јануари, во Македонија преку денот ќе имаме променливо облачно време со слаб ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Следува период на променливо облачно време, повремено со услови за појава на утринска магла по котлините. Во сабота ќе има слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег. Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…