Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Времето во Македонија денеска, петок, 6. мај, ќе биде сончево со умерена облачност, попладне и кон крајот на денот со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне во делови од Скопската Котлина ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 23 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време. Во почетокот на следната седмица повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…