Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денеска, петок, 22. април, времето во Македонија ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и значително потопло, во утринските часови со локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува засилен југоисточен ветер, со брзина и над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во некои делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.

Според УХМР, утре претпладне ќе има услови за локален дожд, а потоа ќе следува сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло со температури кои од недела на повеќе места ќе надминат 25 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…