Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денес, петок, седми декември, Македонија ќе има сончево време со мала локална облачност, проследена со слаб ветер.

Дневните температури ќе бидат во пораст: Скопје 8 Целзиусови степени, Крива Паланка 7, Маврово 4, Охрид 8, Битола 7, Кавадарци 8, Берово 6, Дојран 12.

Утре претпладне времето ќе биде умерено облачно со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта значително облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 4 во Маврово, 6 во Берово, Крива Паланка и Охрид, 7 во Битола до 9 во Скопје и Кавадарци и 13 во Гевгелија.

Прогнозата за недела е сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.Минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 7 до 14 степени.

Од понеделник ќе имаме повремени врнежи од дожд, на повисоките места ина планините снег, а услови за снег ќеима и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…