Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Последниот августовски петок времето во земјава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 31 степен.

За време на викендот ќе преовладува умерено облачно и потопло време со услови за краткотраен дожд, претежно на истокот од земјава. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен северен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…