Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денешниот јулски петок во Maкедонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 23 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 33 степени. Маврово 23, Охрид 28, Битола 30, Крива Паланка 20, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 35.

Следува период на стабилно и топло време, освен во сабота кога во планинските предели ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник температурите ќе бидат во натамошен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…