Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денешниот петок, 23. април, времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 Целзиусовви степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд и слаб до умерен северен ветер. Температура ќе се движи од 9 до 15 степени.

И утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови, особено во југозападните и јужните делови од земјава. Дневната температура дополнително ќе се намали, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…