Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денешниот петок времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната од 8 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 12 степени. Маврово 4, Охрид 10, Битола 11, Крива Паланка 9, Берово 7, Кавадарци 13, Дојран 14.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…