Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот февруарски петок во Македонија ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 3 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 4, Битола 3, Крива Паланка 1, Берово 0, Кавадарци 5, Дојран 7.

Утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат повисоки од денешните – Скопје 7, Маврово 0, Охрид, Битола и Кавадарци 5, Крива Паланка 3, Берово 4, Дојран 7 степени.

За в недела прогнозата е сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен северен ветер и дневни температури од 2 до 9 степени.